Пломбирањето на забите може да стане историја

Што кога забите би можеле сами да се излекуваат? Токму ова е испирацијата за новиот проект на истражувачите од Универзитетот Харвард и Унверзитетот во Нотингем за создавање на пломби кои ќе ги стимулираат матичните клетки.

Стоматолозите третираат стотици милиони кариозни заби годишно и откако ќе ги отстранат карозните маси, празнината ја пополнуваат со пломба. Сепак, 10 до 15 проценти од пломбираните заби завршуваат со воспление на пулпата на забот, вели Адам Челиз, истражувач за терапевтски биоматеријали од Универзитетот во Нотингем.

Тоа доведува до неопходна потреба од вадење на пулпата – мекото ткиво во средината на забот кое содржи нерви, крвни садови и сврзно ткиво. Отстранувањето на пулпата и обработката на каналите на корените може да го слабне забот и со време да доведе до негово губење.

Челиз и неговите колеги развиле нов вид на пломби, направени од вештачки биоматеријал кој може да го стимулира растот на матичните клетки во пулпата на забот. Овој биоматеријал се внесува во забот и се стврднува со помош на светло, исто како и обичните пломби.

Ин витро тестирањата покажале дека овие пломби ја стимулираат пролиферацијата и диференцијацијата на матичните клетки во дентинот – односно во основната маса на забот, што се наоѓа под глеѓта. Истражувачите веруваат дека ако се стави во оштетен заб, овие матични клетки ќе можат да ги репарираат оштетувањата што често се последица и од поставувањето на самата пломба. Во суштина, овој биоматеријал ќе овозможи забите сами да се лекуваат.

Visited the dentist today.  Here was my x-ray.  This was the first time I used this machine that I put my head into and it rotated around my head.

Во иднина, вели Челиз, пломбите би можеле да се изработуваат од ваков регенеративен материјал, така што оштетените заби ќе можат сами да се лекуваат, со што ќе се намали, а потенцијално дури и ќе се елиминира потребата од вадење на пулпата.

Тимот ја освои втората награда во категоријата материјали на овогодинешниот натпревар „Emerging Technologies Competition“, спонзориран од Кралското здружение за хемија.

Поддржете ја нашата работа: