Побезбедна и поефикасна УВ заштита за кожата

Супстанцата која се користи (ceria), за разлика од оние кои сега се користат, е безопасна за луѓето, се вели во официјалното соопштение од Државниот универзитет во Томск- TГУ.

Според научниците, постоечката козметика со УВ филтри за заштита од сонце главно користи титаниум диоксид и цинк. Сепак, честичките на титаниум диоксид може да предизвикаат оштетување на мозочните нервни клетки, лимфоцити, лимфобластоидни клетки и да формираат слободни радикали кои лесно ги уништуваат останатите компоненти на козметиката и клетките на кожата.

Новиот начин за заштита на кожата од зрачење како УВ филтер користи колоиден раствор ппм од цериум оксид.

Научниците истакнуваат дека цериум оксидот се користи од крајот на XIX век како дерматолошки антисептик во медицината. Во последната деценија, хемиското соединение се користи како неоргански антиоксиданс.

 „Нашите истражувања докажуваат дека козметичките производи со УВ филтер кои содржат ппм наночестички од цериум диоксид, се за два пати поефикасни од останатите слични производи” –  изјави д-р Владимир Иванов, еден од главните автори на новата технологија.

Доплнително, цериум наночестичките може да се користат  не само како дел од профилактички агенси кои ги штитат клетките од УВ зрачење,  туку и како терапевтски агенси за третирање на изгореници, вклучувајќи го и сонцето.

Во тек се предклинички испитувања во Москва.

Поддржете ја нашата работа: