Портокалови алигатори во делови на САД

Два алигатора со портокалова боја деновиве ги изненадија жителите на Јужна Каролина. Забележани се на брегот на езерцето Блафтон и веќе ги испровоцираа првите коментари околу тоа што би можело да се случува со нив.

Едни велеа дека се потурени со боја, а други дека можеби се албино алигатори, односно дека во нивната кожа има недостаток на пигменти.

Сепак, дел од експертите оценуваат дека алигаторите најверојатно подолго време престојувале во некоја ‘рѓосана цевка.

„Преку зимата алигаторите сакаат да се повлечат не некое мирно место и да хибернираат. Веројатно тие биле влезени во некоја цвека со ‘рѓосани ѕидови, заради што и содржината во нејзината внатрешност била портокалова, па се измачкале додека престојувале таму“, проценува Дејвид Лукас, од одделот за истражување на природата во Јужна Каролина.

Слична појава на портокалови алигатори била регистрирана и пред две години во истиот период од годината.

Поддржете ја нашата работа: