Подвижни патеки ќе го заменат метрото?

Идејата е толку неверојатна, што дури може и да функционира. Предлогот на  „NBBJ“ – иако сѐ уште во фаза на концепт, е сосем сериозен и содржи неколку интересни забелешки и бројки.

Со планот на фирмата се предлага 27 – километарската кружна линија на лондонското метро, да се претвори во подвижна патека со три ленти. Ова се патеки како подвижните ленти што можат да се видат на аеродромите, само со три патеки, поставени една до друга, слично на лентите на автопатите, каде што патеката почнува да се движи побрзо, штом ќе се симнете од платформата.

Во патничките терминали овие патеки би се движеле со брзина од околу 5 км. на час. Во средната патека, брзината би се движела до околу 9,6 км. на час, додека надворешната брза патека би се движела со околу 14 км.на час. Кога патникот ќе ја напушти станицата, брзината во надворешната експресна патека би се зголемила, до максимални околу 24 км.на час.  

Ова може на прв поглед да изгледа тешко, но подвижните ленти со различна брзина веќе се реалност. Оваа технологија се состои од магнетни платформи и плочи што се преклопуваат, што овозможува подвижните ленти да забрзуваат и успоруваат. Ваков систем веќе е во употреба на аеродромот Пирсон во Торонто.

Еве и неколку интересни бројки. Возовите во лондонската кружна линија се движат помеѓу станиците со брзина од околу 32 км.на час, но тие се секогаш преполни и склони кон доцнење. Патниците кои би патувале на експресната подвижна патека, движејќи се континуирано со брзина од околу 24 км, без запирање, би го поминале целот круг за околу пет минути побрзо, отколку со воз.   

Според „NBBJ“, овој систем би се вклопил во постоечката лондонска подземна железница, се разбира по отстранување на постоечките возови и шини. Влегувањето, излегувањето и плаќањето би останале во голема мерка исти. Бидејќи тунелите би биле исполнети со луѓе што се движат, наместо со возови преполни со патници, со овој систем би можело да се превезуваат најмалку три пати повеќе патници во секое време.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,235од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,922 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.