Првиот патнички воз кој се движи на водород пристигнува во Германија

Првиот патнички воз во светот кој се движи со помош на водород е претставен оваа недела од страна на француската компанија за транспорт „Alstom“ кој ќе работи неверојано тивко и еколошки во Германија од следната година.

Најдобрата работа кај овој воз е тоа што го испушта само вишокот на пареа и кондезирана вода во атмосферата, за разлика од останатите 4.000 возови во Германија кои работат на дизел.

Се очекува возот да работи на регионална линија во северозападниот дел на германската покраина Долна Саксонија, со процедури на тестирање и одобрување кои ќе се извршат кон крајот на оваа недела, и ќе се отворат за јавен пристап до декември 2017 г.

Според германски весник „Die Welt“ нарачани се 14 „iLint“ возови од „Alstom“ и доколку се докаже дека тие се успешни, најверојатно ќе можат да се видат и во другите региони на земјата.

Интерес за овој воз исто така изразиле и Холандија, Данска и Норвешка.

Возот „ iLint“ се напојува со масивни литиум-јонски батерии, кои ја добиваат својата енергија од резервоар со водород сместен на покривот. Со полн резервоар возот може да работи еден цел ден, односно да патува до 800км. Крајната брзина која може да ја достигне е 140км/h.

Најпрво Кина минатата година започна со употреба на водород за напојување на своите трамваи, во обид да се спречи сериозниот проблем со загадување на воздухот. Меѓутоа, разликата е што германскиот „Coradia iLint“ ќе може да превезува 300 патници наеднаш, и ќе биде првиот воз на водород кој ќе вози долги рути.

Германија сега планира да постигне 60 проценти удел на обновливи извори на енергија до 2050 г, што значи дека има уште доста да се развива за да се израмни со Коста Рика, која претходно овој месец изјави дека работи на 100 проценти обновлива енергија веќе 2 месеци.

Како работи оваа технологија може да погледнете на следниов линк.

Поддржете ја нашата работа: