Кинезите претставија воз што се движи по виртуелна пруга

Киеската компанија „CRRC“ во градот Џуџоу, претстави нов систем за транспорт наречен „Autonomous Rail Transit“ (Автономен железнички  транзит), или AРT.

Се работи за воз, долг 30 метри, кој има сензори со кои ги детектираат димензиите на патот, што му овозможува да се движи по одредена патека без метални шини.

Наместо челични тркала како другите возови, АРТ има гумени тркала, прицврстени на пластно јадро, кои се поврзани со специјална технологија за автоматско водење на возот.

Може да превезува 307 патници, достигнува брзина од 70 километри на час и поминува 25 км. после 10-минутно полнење.

АРТ ги користи предностите и на железничкиот и на автобускиот превоз, поприлагодлив е и не загадува.

Компанијата „CRRC“ го развива АРТ од 2013 година и се надева дека возот ќе биде спремен за употреба во 2018 година.

Креаторите истакнуваат дека АРТ е значително поевтин од подземната железница, чија изградба чини помеѓу 400 и 700 милиони јуани (60-100 милиони долари) по килметар, додека АРТ чини околу 15 милиони јуани (2,2 илиони долари).

Погледнете го видеото

Поддржете ја нашата работа: