Поглед кон иднината: Пилула наместо теретана

На чекор сме до откривање на пилула која ги емитира ефектите од вежбањето и штити од прекумерна телесна тежина.

Студиите покажуваат дека дебелите луѓе произведуваат многу повеќе протеин миостатин, што ги спречува ефектите од вежбањето и изградбата на мускулите. Миостатинот е криптонит на секој бодибилдер, бидејќи ја спречува можноста на мускулните клетки да станат поголеми.

Со објавата на уште една студија за наведениот протеин, се зголемиле можностите да се пронајде пилула која би помогнала при изградба на мускули со инхибиција на миостатин. Научниците откриле дека сузбивањето на производството на наведениот протеин доведува до значително подобрување на здравјето на срцето и бубрезите. Иако студијата е спроведена на глувци, истражувачкиот тим се надева дека истиот третман во блиска иднина ќе може да се применува и на луѓе.

Главниот истражувач Џошуа Батчер од Универзитетот Аугуста во Грузија за пилулата која би можела да штити од дебелина вели: „Пилувата која го инхибира миостинот би можела да се применува и при лекување на болести поттикнуваат трошење на мускулите, како што се рак, СИДА и мускулна дистрофија“. Истражувањата откриле дека дебелите луѓе произведуваат повеќе миостатин, а тоа им го отежнува изградувањето на мускулите.

„Со оглед на фактот, дека најчеста борба против дебелината е по пат на вежбање, таквата личност поради начинот на функционирање на сопственото тело, всушност ефективно останува заробена со дебелина“, објаснува Батчер.

Научниците одледувале четири групи на слаби и дебели лабораториски глувци, кои биле генетски програмирани да произведуваат неограничени количини миостатин, или да бидат комплетно лишени од тој протеин. Очекувано, глувците без миостатин станале мускулести.

Дебелите глувци останале дебели, но исто така и се зајакнале додека нивниот метаболизам и срце биле слични на слабите глувци. Покрај тоа, тие биле во значително подобра состојба од дебелите глувци со неограничено производство на миостатин.

„Кај нашите примероци на глувци успеавме да превенираме неколку клучни патологии. Иако е потребно да се направат уште многу истражувања, во овој момент, миостатинот е надежен пат до можноста за лекување на метаболитичката дисфункција и заболувања на срце предизвикани од прекумерна телесна тежина“, вели Батчер

 

Поддржете ја нашата работа: