Погледнете го видеото за музејот на камењата со ликови на познати личности

Во Чичибо, Јапонија, постои единствен музеј во светот кој содржи експонати – камења кои имаат облик на лицата на луѓето. Меѓу 1000 собрани камења се и оние што личат на Доланд Трамп, Елвис Присли, разни политичари и спортисти.

За да ги пронајде овие камења основачот на овој музеј, Јошика Хајама, вели дека проверува различни реки во земјата.

“Има околу 1.000 камења со лица на луѓето. За да се најдат такви камења ние одиме чекор по чекор и не брзаме. Ако одиме брзо, не можеме да најдеме ништо. За да ги земеме тие камења треба да ги видиме очите и устата во нив. Ако очите се превисоки и устата е премногу странично , тогаш не чини за колекција”, вели Јошика Хајама, директор на музејот.

Овој музеј е основан пред 27 години.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt