И покрај културните разлики, луѓето се разбираат преку музиката

Повеќе или помалку секоја култура во светот има своја сопствена музика. Музиката се чини дека игра поинаква улога во различни култури. За некои таа е ритуал или традиција, додека за други таа е израз на емоција или едноставно музика за танцување.

Но, и покрај овие очигледни разлики, научниците најдоа докази кои сугерираат дека музичките својства ги надминуваат различните култури, делувајќи како еден вид “универзален јазик”.

Во една нова студија објавена во списанието Current Biology, психолозите приложиле докази кои сугерираат дека луѓето, без оглед на нивната култура, можат лесно да го идентификуваат расположението на песната и да кажат дали тоа е приспивна, танцова или духовна песна.

“И покрај неверојатната разновидност на музика под влијание на безброј култури и лесно достапна за модерниот слушател, нашата заедничка човечка природа може да ги поткопа основните музички структури што ги надминуваат културните разлики”, вели Самуел Мехр, психолог на Универзитетот Харвард.

“Ние покажавме дека заедничката психологија на луѓето произведува основни модели преточени во песна, коишто ги надминуваат нивните длабоки културни разлики”, додава ко-авторот на студијата Манвир Синг. “Ова укажува на тоа дека нашите емотивни и делувачки стимули се извонредно слични во многу различни популации”.

Психолозите од Универзитетот Харвард побараа од 750 луѓе во 60 различни земји да слушаат кратки извадоци од песни. Овие песни биле од 86 различни мали општества од целиот свет. Потоа ги замолиле учесниците да оценат дали песната била направена за да се танцува, да смирува, да лекува, да ги изрази чувствата кон саканите, да ги оплакува мртвите или да раскаже приказна. Тие, исто така, им поставувале прашања за бројот на пејачи, нивниот пол, инструментите кои се користат во самата мелодија, расположението, темпото и пријатноста на звукот.

Повеќето од учесниците, иако музиката што ја слушнале била комплетно непозната за нив, биле во можност да ја откријат функцијата и квалитетот на песната.

Сепак, учесниците имале проблеми со откривање на мелодијата која се нарекува љубовна песна. Истражувањето не било 100 отсто јасно зошто тоа било така, но се чини дека оваа форма на песна е многу зависна од културата. За останатите форми е потврдено дека преку музиката различните култури меѓусебно совршено се разбираат.

Поддржете ја нашата работа: