Породување на огромна лигња – Видео

Со векови морнарите раскажувале приказни како големи лигњи напаѓале и уништувале бродови.

Секако, долго време тоа биле само приказни, без многу основа во реалноста. Сепак, во последните децении истражувачите откриле дека постојат џиновски лигњи, кои се навистина застрашувачки.

Она што една експедиција открила во длабоките води ќе ви го одземе здивот. Започнала како обична експедиција во заливот Монтереј во Тихиот Океан, при што е користено далечински управувано возило, се додека не наишле на нешто што личело на ѕвездена патека. Кога возилото се приближило, истражувачите откриле нешто неверојатно – џиновска лигња која се пораѓа.

Таман кога ќе помислиме дека мајката природа не може да биде пофасцинантна, таа повторно успева да не изненади.

Видеото е малку подолго, но за она што се гледа на крајот, вреди да се погледне – иако, мора да се каже дека и ова е прилично морничаво.

Поддржете ја нашата работа: