Идејата за породување во вселената можеби звучи како дел од научно фантастичен филм, но научниците трврдат дека истата за 6 години може да стане реалност.
Компанијата „SpceLife origin“ со седиште во Холандија објавила дека планира да го породи првото бебе во вселената во 2024. година и дека за тоа бара волонтери.
Кис Мулдер, директор на компанијата вели дека доколку човештвото планира да стане мултипланетарен вид мора да научи да се размножува во вселената.
Компанијата тврди дека ќе создаде „вселенски инкубатор“ кој ќе носи јајце клетки и сперма, и ќе биде испратен во орбитата во 2021 година.
Кога ќе се најде во вселената ембрионите ќе почнат да се развиваат, иако не се сеуште јасни деталите како сето тоа ќе се одвива.
Компанијата планира да го породи првото бебе во Вселената во 2024 година.
Според зборовите на директорот на оваа компанија, мисијата ќе трае меѓу 24 и 36 часа, а жената ќе се породи надвор од Земјата во присуство на стручен медицински тим.
Внимателно подготвениот и надгледуван процес ќе ги предвиди сите ризици за мајката и детото, по примери на стандарди кои постојат на Земјата, објаснува портпаролот Мулдер.