Томас Џордан предупредува дека состојбата на јужниот дел на раседот Сан Андреас е крајно напната. Во случај на земјотрес од 7,8 степени според Рихтеровата скала, може да резултира со околу 1800 мртви и 213 милијарди долари материјална штета.
Водечките експерти за земјотреси испратиле алармантно предупредување дека раседот Сан Андреас би можел да биде на работ на катастрофален земјотрес кој би ја погодил областа Лос Анџелес и Јужна Калифорнија.
Томас Џордан, директор на центарот за земјотреси во Јужна Калифорнија, вели дека раседот е во критична состојба и дека земјотрес може да следи наскоро. Овој расед се наоѓа на границата на Северна Америка и Пацифичката тектонска плоча. Тој е еден од многуте кои ги раздвојуваат тектонските плочи кои се движат во приближно иста насока накај север, но Пацифичката е побрза, што значи дека помеѓу нив постојано настанува потрес.
– Јужниот дел на раседот Сан Андреас изгледа како земја која е оставена и спремна да пукне – вели Џордан во говорот на конференцијата за земјотреси во Калифорнија.
Сценариото кое беше објавено пред осум години, предвидува дека во случај на земјотрес од 7,8 степени според Рихтер на овој дел од расадот ќе резултира со дури 1800 мртви и 213 милијарди долари материјална штета.
Иако можат да се видат наслови дека Калифорнија може да ја погоди земјотрес можеби утре, вистината е дека никој не знае кога тоа ќе биде. Научниците препознаваат дека веројатноста за случај на земјотрес е многу голема, но велат дека тоа може да се случи и утре и за десет години.