Што ќе се случи ако сите луѓе скокнат во исто време

Ако сите жители на Земјата се договорат колективно да скокнат во исто време, тоа веројатно би изгледало како игра, но таа игра би ослободила огромно количество на енергија. Се разбира, сите луѓе би требало да се соберат на исто место.

Дел од таа енергија би ја апсорбирале обувките, но преостанатиот дел би завршил во воздухот и во почвата.

Ударот би бил бучен како најсилниот гром и би имал снага од 200 децибели, што е доволно да се пробие ушното тапанче, објаснуваат астрофизичарите од Универзитетот во Охајо.

Во исто време, би се предизвикал земјотрес со јачина помеѓу 4 и 8 степени по Рихтер и цунами.

Земјотрес со јачина од четири  степени не би предизвикал поголеми последици, но со јачина од осум степени би ги  срамнил со земја сите нестабилни градби, далноводи, би срушил мостови, би искривил пруги, а освен тоа би предизвикал и цунами со бранови повисоки од 30 метри.

Иако ова сценарио звучи погубно, сепак тоа би се однесувало само на делот од Земјата каде што би се наоѓале „скокачите“.Во останатиот дел од светот не би се случиле никакви поголеми промени.

enauka.mk
9,246наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,515денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.