Повик за учество на најголемиот интернационален натпревар на НАСА

Студенти од Македонија по четврти пат ќе бидат дел од глобалниот натпревар на НАСА и ќе имаат можност да понудат решенија за некои од глобалните проблеми со кои се соочува Земјата и Вселената.

„NASA Space Apps Challenge“ е хакатон кој што поттикнува интернационална соработка фокусирана на вселенско истражување, во преку 45 часа работа во повеќе од 180 градови во светот, на 6 континенти, а ќе учествуваат повеќе од 15.000 млади луѓе.

Настанот опфаќа решавање на проблеми од глобалните потреби и проблеми поврзани со животот на земјата и во вселената. Предизвиците се однесуваат на шест теми и тоа: аеронаутика, планетата Земја, вселенски станици, пат до Марс, Соларен систем и вселенска техонологија.

NASA-space-app-mk-2016-03Хакатонот оваа година покрај креативно ќе потикне и претприемничко размислување кај младите, бидејќи организацијата во CEE мрежата ќе овозможи акцелерирање, програма и поддршка за реализација и комерцијализација на проектите и по завршувањето на хакатонот, велат организаторите.

Минатата година, еден тим од оваа мрежа освои едно од првите шест места на глобално ниво и заедно со координаторите присуствуваа на лансирањето на ракета во вселенскиот центар Кенеди, а во 2014 година Скопје беше позициониран како лидер на глобално ниво по прифатени проекти од НАСА, вкупно 30.

Мрежата е координирана од градот Скопје и „Њуменс Бизнис Акцелератор“, а е составена од: Скопје, Охрид, Битола, Тетово, Приштина, Тирана, Белград, Загреб, Љубљана, Копер, Виена, Лос Анџелес, Сан Франциско и Силиконската Долина и ќе обезбеди сите учесници од овие градови да можат да создадат свој виртуелен тим, со цел да креираат подобри производи коишто имаат капацитет да бидат дел од победничките тимови на глобално ниво.

На настанот може да се пријави секој кој што е мотивиран и има пасија да работи на овие проекти, користејќи отворени податоци, а има познавање во делот на развој на веб и мобилни апликации, вселенски технологии, аеронаутика, дизајн, хардвер, софтвер, 3Д моделирање, астрономија, географија, анатомија, маркетинг, медицина, бизнис.

Натпреварот во Македонија ќе се одржи од 22 до 24 април во организација на македонско-американската компанија „Њуменс Бизнис Акцелератор“, а пријавувањето на тимовите кои сакаат да учествуваат ќе трае до 17 април.

Извор: radiomof.mk

Поддржете ја нашата работа: