Големото возбудување кое завладеа околу најавената прес конференција на вселенската агенција НАСА, ќе кулминира вечерва во 19 часот, кога ќе бидат презентирани најавените откритија за вселенските тела, надвор од нашиот сончев систем.
Мистериозноста со која агенцијата ја најави оваа конференција за медиумите, како и фактот дека неа ќе ја одржат водечки научници на НАСА, кои веќе подолг период се задолжени за потрага по егзопланети и биолошки индикатори на истите, додава дополнителна тежина и буди интерес кај сите научни ентузијасти.
Во текот на денот, ќе известуваме за евентуални нови информации, а во 19 часот ќе го објавиме и линкот до преносот во живо од овој редок настан.
Во меѓувреме, би сакале да го слушнеме и вашето очекување за овој настан:
[socialpoll id=”2421950″]
Што “знаеме“ до сега:
Претпоставките се дека ќе биде објавена информација за егзопланети, а не за вонземен живот.
Во некои медиуми проструи информација дека ќе биде претставено откритието на блиска ѕвезда, околу која кружат дури 7 планети слични на Земјата.
Деталите од истражувањето симултано со конференцијата за печат ќе бидат објавени и во магазинот Nature – уште еден показател дека до последен момент се одржува тајноста и магнитудата на откритието.
Последен пат кога НАСА настапи со ваков медиумски публицитет, беше најавено откривањето на Проксима Кентаури Б, која се сметаше за планета многу налик на нашиот свет.
НАСА ќе започне со отворената сесија за прашања на Reddit во 21 часот, што укажува дека презентацијата на откритието би можела да трае речиси 2 часа.
Во очекување на стартот на НАСА ТВ:
Еве што пишувавме на еНаука за егзопланетите: