Претераното вежбање предизвикува труење на крвта

Една неодамнешна студија спроведена на Универзитетот Монаш покажа дека постои такво нешто како премногу вежбање, на 24-часовен ултра-маратон, а тоа може да предизвика цревните бактерии да навлезат во крвотокот, што резултира со труење на крвта.

 „Маратоните како физичка активност и спортување не се невообичаени“, вели d-р Рикардо Коста, во Одделот за исхрана и диететика на универзитетот во соопштението. Листите на чекање за маратони, ајронмен триатлон настани и ултра-маратони се норма и имаат се поголема популарност.

Коста и неговите колеги зеле примероци од крвта на спортистите пред и откако ќе завршат со 24-часовниот ултра-маратон. Истражувачкиот тим се интересирал дали постои каква било врска помеѓу екстремните форми на вежбање и стресот на стомачниот ѕид. Кога примероците на крв од маратонците биле споредени со контролните субјекти, истражувачите откриле дека продолжената физичка активност предизвикува бактериите, познати како ендотоксини, да навлезат во крвотокот. Тогаш, имунолошките клетки на телото предизвикуваат воспалителен одговор кој е сличен на сериозна инфекција. Оваа реакција е многу поголема од потребите на телото и повеќе отколку што може да се справи. Доколку напливот на ендотоксини е преголем, може да доведе до потенцијално фатална состојба позната како синдром на сепса предизвикана од системски воспалителен одговор. Коста вели дека повеќе од четири часа на вежбање и повторувачки денови на тренинг се сметаат за екстремни.

Речиси сите учесници во нашата студија имаа маркери во крвта идентични со пациентите примени во болница со сепса“, објаснува Коста.  

Ако ова е точно, тогаш зошто повеќето професионални маратонци не страдаат од труење на крвта? Едноставно, со константен тренинг кој им помага да останат во форма. Некои спортисти од студијата имаат повисоки нивоа на интерлеукин 10, анти-воспалителен протеин.

Телото има способност да се прилагоди и да спречи негативни имунолошки реакции предизвикани од ситуации кои бараат екстремна издржливост. Но, ако не сте доволно подготвени, односно не сте во форма, може да се доведете во опасност.

Доколку се подготвувате за маратон, се препорачува бавен и стабилен тренинг. И да, еден месец не е доволно.

Поддржете ја нашата работа: