Интересно е да се спомене дека скоро и да непостои религија во светот каде што во светите книги не се споменува постот и неговите бенефити. Доминантните светски религии не само што го споменуваат во своите свети книги него и му даваат посебно место и значење проповедајќи негово редовно практикување.
Можеби никогаш нема да дознаеме дали човекот некогаш во подалечната историја достигнал ниво на развој кој му овозможил повеќе сознанија во одредени научни области од сега, но фактите што произлегуваат од најновите научни истражувања потврдуваат дека многу од религиозните ритуали и постапки опишани во светите книги имаат и друга димензија покрај религиозната.
Неодамнешното истражување направено на Факултетот за медицина на Јеил вели дека постот има и медицинско значење, односно може да биде корисен во третирање на одредени заболувања.
Истражувачите откриле дека едно соединение кое се произведува во телото за време на диета или пост може да го блокира делот од имунолошкиот систем вклучен во неколку воспалителни болести, како што се дијабетес тип 2, атеросклероза и Алцхајмерова болест.
Во нивното истражување, објавено во онлајн изданието на „Nature Medicine“, истражувачите опишуваат како соединението „β-хидроксибутират“ (BHB) директно го спречува „NLRP3“, кој е дел од сет на протеини наречени инфламасоми.
Инфламасомите потикнуваат воспалителна реакција кај неколку заболувања, вклучувајќи ги автоимуните болести, дијабетес тип 2, Алцхајмерова болест, атеросклероза и автовоспалителните нарушувања.
„Овие откритија се важни, бидејќи ендогените метаболити како „BHB“ кои го блокираат „NLRP3“ би можеле да бидат релевантни против многу воспалителни болести, вклучувајќи ги и оние каде што постојат мутации во гените „NLRP3““, истакнува Диксит, професор на одделот за општа и компаративна медицина на Јеил.
„BHB“ се метаболити произведени од страна на телото, како одговор на постот, вежбање со висок интензитет, ограничување на калории, или исхрана без јаглени хидрати. И досега беше добро познато дека постењето и ограничувањето на калориите го намалува воспалението во телото, но не е познато колку имунолошки клетки се адаптираат на намалената достапност на гликоза и дали можат да одговорат на метаболитите произведени од оксидацијата на мастите.
Работејќи со глувци и човечки имунолошки клетки, тимот се фокусирал на тоа како макрофагите, имунолошки клетки кои произведуваат воспаление, реагираат кога се изложени на кетонски тела и дали тоа влијае на инфламаторниот сет.
Тимот вбризгал „BHB“ кај глувчешките модели на воспалителни болести предизвикани од „NLP3“. Тие откриле дека со ова се намалува воспалението, а исто така се намалувало и додека биле на кетогенова диета (диета која ги зголемува „ВНВ“).
ЕНаука.мк e проект во кој главната движечка сила се лица со хендикеп и негови главни цели се враќање на интересот за науката и технологијата во нашите домови, институции и медиуми, како и да докаже дека вистинското место на лицата со хендикеп е во македонската наука и економија. Редовното посетување на нашиот портал, споделувањето и дискусија на интересните статии ќе овозможи одржливост на овој проект и ќе поттикне други слични идеи од кој бенефит би имало целото општество.