Уште една причина плус за да се откажете од цигарите

Пушењето е лошо за здравјето, тоа е веќе добро познато. Од зголемување на шансите за развој на рак на белите дробови до изложување на ризик за појава на емфизем, се чини дека последиците од пушењето цигари немаат крај.

Сега, едно ново истражување нуди уште една дополнителна причина за да се откажете од цигарите.

Според истражувањето, никотинот активира одредени бели крвни клетки, кои се наречени неутрофили, кои пак ослободуваат молекули кои водат до зголемени воспаленија.

Иако научниците и претходно се сомневаа во ова, оваа новооткриена поврзаност помеѓу никотинот и воспаленијата всушност открива како никотинот е поврзан со имунолошкиот систем. Преку активација на неурофилните бели крвни клетки, никотинот директно предизвикува зголемување на воспаленијата во телото.

Воспаленијата се дел од природната реакција, односно природната одбрана на телото. Но, непотребното зголемување на оваа природна одбрана на телото, може всушност да промовира болести, наместо да ги спречи, пишува „The Daily Mail“.

Тоа е така бидејќи воспаленијата играат улога во многу болести, како што се кардиоваскуларните заболувања, астмата, како и некои автоимуни заболувања. Всушност, кога сме болни, ние не се чувствуваме лошо поради патогенот кој го напаѓа нашето тело, туку поради обидот на телото да се избори со него, при што ги произведува симптомите на болеста кои прават да се чувствуваме лошо. Колку што е поголема воспалителната реакција на нашето тело, толку повеќе симптоми ќе чувствуваме и толку повеќе физички болни ќе бидеме.

Ова откритие може да отвори можности за нови и подобрени терапии за третирање на болестите поврзани со пушењето.

Поддржете ја нашата работа: