Пристигна „SAFFiR“- роботот пожарникар

Ова е краток опис на првиот тест на „SAFFiR“– првиот противпожарен робот. Изработен за американската морнарица од Политехничкиот Институт и Државниот Универзитет во Вирџинија, „SAFFiR“ (Shipboard Autonomous Firefighting Robot) е наменет да биде дел од противпожарната опрема на секој воен брод, за справување со пожари без да се ризикува животот на човекот.

Роботот, кој тежи 63 килограми, со висина од  178 сантиметри, користи двојни камери кои служат за гледање и движење наоколу, ласерски сензори за сметање на точните растојанија меѓу објектите и термални камери за лоцирање на пожарите.

Истражувачите во Вирџинија работеле на „SAFFiR“ четири години. Концептуално, тој е верзија на „ТHOR“  (робот за тактични опасни операции).

Иако „SAFFiR“ може да работи самостојно и е во можност да се движи и да ракува со цревото, сегашната верзија  е зависна од инструкции од човечки оператор.

Во соопштението за печатот вчера,  претставници на морнарицата изјавија дека планираат да се спонзорира понапредна верзија на роботот, со подолго траење на батеријата и повеќе интелигенција.

Се разгледуваат дополнителни сензори за конфигурација на мерењата на бродовите и за спречување на корозија и протекување.

 

 

ЕНаука.мк e проект во кој главната движечка сила се лица со хендикеп и негови главни цели се враќање на интересот за науката и технологијата во нашите домови, институции и медиуми, како и да докаже дека вистинското место на лицата со хендикеп е во македонската наука и економија. Редовното посетување на нашиот портал, споделувањето и дискусија на интересните статии ќе овозможи одржливост на овој проект и ќе поттикне други слични идеи од кој бенефит би имало целото општество.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt