Пробиотици против стрес

Истражувањето вклучувало група од 22 мажи кои пиеле пробиотски капсули во текот на еден месец, а потоа (без нивно знаење) пиеле плацебо уште еден месец. Резултатите покажале дека тие за време на првиот месец чувствувале помалку стрес, а исто така и покажале подобри резултати на тестовите за меморија.

Резултатите биле презентирани на состанокот на Здружението за невронаука, кој се одржа во Чикаго изминатиот викенд, но поради тоа што истражувањето вклучува само мала група на луѓе, истото треба да се реплицира за да може да се потврди поврзаноста. Во секој случај, ова е ветувачки знак дека еден ден ќе може да управуваме со нашето ментално здравје преку стомакот.

Ова не е првото истражување кое покажува дека стомачните бактерии се корисни за стресот. Во јуни, истражувачите откриле дека студентите кои конзумирале храна богата со пробиотици, како јогурт, кисели краставички и сл. чувствувале помалку анксиозност и невротичност. Доколку се потврди оваа поврзаност, ќе биде прилично возбудлив напредок за неврологијата и психијатријата, со оглед на фактот дека пробиотиците имаат многу малку несакани ефекти.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt