Во 2014 година, еден супермаркет во Мексико беше урнат за да се направи простор за нов трговски центар, со што се откри мистериозна структура под него.
Сега, две години подоцна, еден тим на локални археолози открија дека структурата е всушност 650 години стара платформа, 1,2 метри во висина и 11 метри во ширина, што најверојатно е дел од антички храм кој се користел за поклонување на „Ehecatl-Quetzalcoatl“, богот на ветерот на Ацтеките.
Според тимот, ова место било некогаш дел од светиот град-држава на Ацтеките познат како Тлателолко. Ова име сега е озогласено поради масакарот што се случил таму во 1968 година, кога група на студенти кои протестирале биле убиени од страна на мексиканските војници.
Пред овие трагични современи настани, Тлателолко, кој сега е само мал дел во северниот дел на Мексико, бил просперитетен град за Ацтеките и неодамнешното откритие за храмот на богот на ветерот е само едно од 43.000 други археолошки пронајдоци во таа област.
Храмот се наоѓа на 3 метри под супермаркетот, и кога тимот продолжил да ископува и понатаму, тие пронашле и други артефакти околу камената структура.
Тимот, предводен од директорот на археолошката област на Тлателолко, Едвина Виљегас Гомез, и Националниот институт за антропологија и историја на Мексико, пронашле голем број на чудни работи околу платформата, кои може да се користеле при ритуалите за античкиот бог.
Меѓу овие пронајдоци биле едноставни предмети како трње од кактус, горилници за темјан и керамика, но исто така и остатоци од новороденче, без знаци за некаква злоупотреба, и череп на возрасен маж со прстен до него.
Севкупно, истражувачите пронашле 8 комплетни скелети, од кои 6 деца, 1 возрасен маж и 1 возрасна жена.
Овие пронајдоци за платформата и деловите од ритуалот најверојатно ќе ни обезбедат повеќе информации за тоа како Ацтеките се поклонувале на своите богови и како градот Тлателолко станал духовен главен град во тој процес.
Врс основа на артефактите пронајдени досега, богот на кој се поклонувале во овој храм би можело да е „Ehecatl-Quetzalcoatl“, богот на ветерот на Ацтеките кој се појавува како пердувеста змија.
Погледнете ја интерпретацијата на еден уметник за тоа како се смета дека изгледал:
Во моментов, тешко е да се дојде до некакви информации за градот Тлателолко на Ацтеките, бидејќи се случува урбан развој во Мексико и повеќето од древните локалитети се покриени.
Откритијата како што е ова, иако се´ уште е во рана фаза, обезбедуваат увид за тоа каков бил животот во тоа општество. Како што градилиштата се појавуваат насекаде, се надеваме дека ќе се појават уште траги околу градот, кои би им ги обезбедиле доказите на истражувачите за создавање на комплетна слика.
Работата на тимот се´ уште не е објавена, бидејќи ископувањето е се´ уште во тек, што значи дека најверојатно целосните резултати ќе ги видиме откако ќе се анализираат сите пронајдени артефакти.
Истражувачите се надеваат дека ова место ќе биде отворено и за јавноста до 2017 година.