Пронајдена фонтаната на младоста?

Истражувањето е објавено во списанието „Aging Cell“.

Новата класа на лекови, научниците ги нарекуваат „сенолитици“(senolytics). Бројот на клетките на биолошкото стареење – клетки што престануваат да се делат – со текот на времето  се зголемува, а со тоа се забрзува процесот на стареење. Во експериментите направени на глувци, убивањето на овие клетки го зголемува периодот во кој нема болести, па атоа  научниците сметале дека ако пронајдат третман со кој ќе се постигне ваков ефект и кај луѓето, тоа може да има извонреден потенцијал. Главното прашање со кое се соочиле е како да се таргетираат овие клетки без да се оштетат останатите.

Претпоставките на научниците биле дека одговорот лежи во отпорноста што клетките на биолошкото стареење  ја развиваат кон смртта предизвикана од стрес и оштетувања. Од направените анализи, научниците утврдиле дека, исто како и кај ракот, овие клетки развиваат „мрежа за преживување“ која им овозможува да се спротивстават на апоптозата или програмираната клеточна смрт. Овие наоди биле клучниот критериум во потрагата по потенијалиот лек.

Со помош на овие критериуми, научниците дошле до две достапни соединенија – лекот дасатиниб што се користи за рак (се продава под името Sprycel®) и кверцетин, природно соединение што се продава како суплемент и делува како антихистаминик и анти-инфламаторно.

Понатамошните истражувања на клеточните култури покажале дека овие состојки навистина селективно предизвикуваат смрт на клетките на биолошкото стареење. Дасатинибот ги елиминира масните клетки „предци“ на овие клетки, додека кварцетинот бил поефективен кај човечките ендотелијални клетки, а кај глувците, кај матичните клетки од коскената срцевина. Комбинацијата од  двете компоненти била најефикасна.

Во следниот чекор, истражувачите испитувале како овие лекови делуваат врз здравјето и процесот на стареење кај глувците. Резултатите покажале дека лековите предизвикале подобрување на работата на кардиоваскуларниот систем, била зголемена издржливоста на физички напор, ја намалиле остеопорозата и го зголемиле периодот без здравствени проблеми. Во некои случаи овие ефекти биле постигнати и со само еден третман.

Кај постарите глувци, кардиоваскуларната функција била подобрена во рок од пет дена после само една доза од лековите. Единечна доза од кобинацијата на овие два лека довела до подобрување на физичките способности кај животните кај кои поради радијациона терапија за рак способностите биле намалени. Ефектите траеле најмалку седум месеци после третманот со овие лекови. Периодичната примена на овие лекови кај глувци со забрзано стареење, го зголемило периодот без здравствени проблеми, забавувајќи ги симптомите кои се поврзани со стареењето, ‘рбетната дегенерација и остеопорозата.

Истражувачите сепак предупредуваат дека се потребни повеќе тестирања пред да можат овие лекови да се применуваат кај луѓе. Нагласуваат исто така дека се можни и несакани ефекти од овие лекови, барем кога се работи за долгорочна употреба.

Сепак истражувачите се оптимисти  во врска со  потенцијалните можности на нивните наоди. „Биолошките процеси на стареење се причина за многу патолошки состојби, така што е можна голема примена на овие и на слични соединенија“ – велат истражувачите.

Поддржете ја нашата работа: