Пронајдени големи количини пластичен отпад во Северниот Леден Океан

Еколозите се повеќе предупредуваат на опасноста од пластичен отпад кој, доколку не се рециклира, може сериозно да го загрози екосистемот. Разградувањето на пластичен материјал трае доста долго. На пластиката и е потребно околу 450 години за потполно да се разгради.

Големите количини на отпад, често завршуваат во морињата и океаните. Веќе се пронајдени две места во Тихиот океан каде што се наоѓаат огромни количини на пластичен материјал, кои со текот на времето морските струи ќе го однесат до брегот на Јужна Америка.

Научниците откријле дека во Арктичкиот Океан се повторува истата ситуација. Околу 300 милијарди парчиња пластика лебдат на површината на тој океан.

Најверојатно пластика е повлечен од атмосферската циркулација на морските струи под влијание на соленоста и температурните разлики. Оваа струја обично носи потопла вода до Арктикот, но заедно го собира и отпадот од брегот на Атлантскиот Океан.

Голем број на пластични шишиња, кеси, играчки и амбалажи се наоѓаат на две локации – во близина на источниот брег на Гренланд и северниот дел на Норвешка и Русија. Нивната количина се зголемува и веројатно ќе ја надмине онаа што беше најдена во Тихиот Океан.

Поради глобалното затоплување, се повеќе се топат глечери и така исчезнуваат природните бариери кои би можеле да го спречат доаѓањето на таков отпад. Научниците од Универзитетот во Кадиз изразуваат голема загриженост.

Уникатниот екосистем на Арктикот, поради ваквото загадување би можел да биде во голема опасност. Отпадот пронајден во Арктичкиот Океан чини само 3% од вкупната количина на отпад што плови по морињата во светот. Пластиката во океаните и морињата ја јадат животни и риби, а таквите риби можат да завршат и на нашата трпеза.

Поддржете ја нашата работа: