Прв случај на сексуално пренесена ебола

Иако е познато дека еболата може да преживее во спермата со недели откако ќе се повлечат симптомите, ова е првиот случај кој потврдува дека болеста може да се пренесе по сексуален пат, како и дека вирусот може да опстане во телесните течности многу подолго отколку што се претпоставуваше.

Парот имал незаштитен секс после шест месеци откако мажот за прв пат бил инфициран со ебола и 155 дена откако анализите на крвта потврдиле дека тој е очистен од вирусот – многу подолго од периодот од 90 дена, колку што се претпоставуваше дека вирусот се задржува во телесните течности и им се препорачуваше на преживеаните да се воздржуваат од секс.

Меѓутоа, иако анализите покажале дека вирусите кај мажот и жената биле генетски идентични, тие исто така биле и различни од сите видови на западноафрикански ебола вируси, кои биле секвентирани.

Истражувачите исто така ја исклучиле можноста дека болеста на жената и била пренесена од други инфицирани лица, бидејќи таа заболела 30 дена откако било објавено дека во Либерија нема ебола.

Резултатите се објавени во „New England Journal of Medicine“, заедно со прелиминарниот извештај  кој укажува дека генетскиот материјал на еболата може да опстане во спермата неверојатни девет месеци после инфекцијата. Двата извештаи покажуваат дека има уште доста да се учи за тоа како се шири вирусот на ебола и колку време е потребно пред да се прогласи дека некој е очистен од вирусот.

Сепак, добра вест е дека иако е можна сексуална преносливост, досегашните епидемиолошките докази покажуваат дека ова не се случува многу често. Епидемијата во западна Африка ја преживеале повќе од 17.000 лица, а пријавени се помалку од 20 сомнителни случаи на инфицирани преку сексуален пат.  

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt