Научниците од Универзитетот Даекин во Австралија , откриле дека птицата „zebra finche“ им пее посебна песна на своите јајца кога надвор е многу жешко.
Додека мајката лежи врз јајцата испушта пискави , весели звуци , со кои ги известува неизведените пилиња дека надворешната температура расте и ги предупредува да го успорат нивниот раст , бидејќи на тој начин имаат поголеми шанси да преживеат.Птиците кои пеат предупредувачка песна , ведат и до шест помали младенчиња , додека другите птици ведат помалку и поголеми пилиња.
Помалите пилиња имаат предност да го преживеат топлото време , бидејќи помало тело е полесно да се одржува ладно.
Ова е извонреден начин што им помага на птиците да се адаптираат на климатските промени.
Наодите се објавени во списанието „Science“