Пубертетот кај девојчињата започнува сè порано

Истражувањата покажуваат дека пубертетот кај девојчињата сега започнува многу порано, односно во просек започнува на нивна 10-годишна возраст, што е за 5 години порано од пред еден век.

Постојат неколку објаснувања за ова, но истражувањата откриваат загрижувачки пропратни ефекти. Се чини дека раниот пубертет го зголемува ризикот за здравствени проблеми подоцна во животот, како што се срцеви заболувања, рак на дојка, злоупотреба на дроги и депресија.

Со други зборови, хормонските промени кои се поврзани со активирањето на раниот пубертет влијаат на девојчињата долго време откако ќе заврши пубертетот, на начини кои научниците допрва почнуваат да ги разбираат. Но, што точно се случува од научна гледна точка?

Идејата дека девојчињата порано достигнуваат сексуална адолесценција не е ништо ново. Со години научниците забележуваат дека девојчињата добиваат менструација се’ порано и сега просечната возраст за менструација изнесува 13 години, во споредба со 16 и 17 години на крајот на минатиот век.

Исто така и развојот на градите започнува порано, што всушност претставува и научен почеток на пубертетот. Едно истражување од 2013 година покажува дека во САД, на девојчињата од афро-американско потекло започнуваат да им растат градите просечно на 8,8-годишна возраст, а на оние од азиско, шпанско или американско потекло некаде помеѓу 9,3 и 9,7- годишна возраст, што е значително порано отколку пред 10 или 20 години на пример.

[day 39]Истражувачите сметаат дека тоа може да се должи на епидемијата на дебелината, бидејќи е веќе познато дека дебелината влијае на времето на првата менструација на девојчињата. Но, дебелината не го објаснува целосно степенот до кој се помести пубертетот кај девојчињата.

Друга претпоставка е дека можеби зголемената изложеност на загадување и на хемикалии кои ги нарушуваат хормоните, како на пример фталатите, може да предизвикуваат предвремени промено, но и ова не ја објаснува оваа ситуација во целост.

Во секој случај, потребни се уште многу истражувања на оваа тема пред научниците да можат целосно да разберат што точно се случува во телата на девојчињата, но колку повеќе тие ги откриваат причините и последиците од раниот пубертет, толку поголеми се шансите за да ги предвидат и спречат долгорочните ризици. А со оглед на тоа што трендот на рано сексуално созревање продолжува, оваа тема ќе станува се’ поважна и поважна.

Поддржете ја нашата работа: