За првпат научниците ги доведоа човечките јајцеклетки до зрелост во лабароториски услови следејќи ги од најрана фаза. Ова истражување е поставено со цел да ни даде нов увид во тоа како се развиваат човечките јајцеклетки и како потенцијално би можеле да понудат нов избор за лицата кои се изложени на ризик од губење на плодноста.
За да се спроведе студијата, истражувачите од Универзитетот во Единбург земале оваријално ткиво(од јајници) од 10 индивидуи кои се наоѓале во доцните 20-ти и 30-ти години. Користејќи разни нутриенти, тие ги подтикнале јајцеклетките да се развијат до степен на зрелост, при која би можеле да бидат оплодени.
Вкупно 48 јајца достигнале завршна фаза од процесот, а десет од нив, достигнале целосна зрелост.
Во моментот, кога лицата особено деца кои се изложени на ризик од неплодност поради радиотерапија или хемотерапија, може да се извадат клетки од овариално ткиво пред да започне со третманот и повторно да се реимплантираат подоцна.
За младите девојчиња кои сеуште не поминале низ пубертет и сеуште не произведуваат јајце клетки, ова е единствената опција за зачувување на плодноста, изјави Евелин Тефер, коавтор на истражувањето.
Овој процес предизвикува загриженост дека повторното имплантирање на ткивото земено пред третманот против ракот може повторно да ги вметне клетките на ракот во телото на поединецот. Новата постапка ги ублажува овие проблеми, бидејќи наместо имплантирање на ткиво, лекарот ќе имплантира ембрион.
Истражувачите сеуште имаат многу работа пред да оваа постапка може да се користи во пракса. Во најмала рака, ќе бидат потребни неколку години за да научниците се сигурни дека зрелите јајце клетки се здрави.
Според истражувачите, јајцеклетките што тие ги одгледуваат се развиваат побрзо отколку што се развиваат во телото, што бара понатамошни испитувања. Покрај тоа, малата ќелија позната како поларно тело се зголемила до невообичаена големина за време на процесот, што може да укаже на развојни абнормалности.
Целта на тимот е да се обиде да ги оплоди јајцеклетките, така што ќе може да изврши тестирање на ембрионите. Тие изјавиле дека треба да го подобрат процесот за да се осигураат дека овие лабораториски јајца се исто толку здрави како оние во телото на жената.
Ова е важна пресвртница во истражувањето на плодноста и може да им даде нова надеж на оние кои ја немале досега.
Извор: Pharma News