Што кажува менструалниот циклус за вашата плодност?

Иако навидум ни изгледа неважно, сепак времетраењето на нашиот менструален циклус може да открие многу за нашето здравје и промените низ кои поминува нашето тело секој месец, па што може да ни каже циклусот за нашата способност за зачнување по природен пат?

Должината на нашиот менструален циклус е одредена со бројот на денови од првиот ден на крварење до почетокот на нашиот следен циклус. Ова може да ни каже дали имаме хормонален дисбаланс и редовна овулација.

Циклусот е поделен во три фази, вклучувајќи ја фоликуларната и лутеалната фаза и менструалниот период, и секоја фаза може да содржи траги за нашто здравје.

„Нормалниот менструален циклус е обично од 21 до 35 дена. Доколку има неправилности, циклусот е краток или долг, па тогаш тоа ви кажува дека балансот е исфрлен од колосек“ – вели д-р Касија Гејтер од Медицинскиот центар во Сент Лук, Канзас Сити.

Постојаните неправилни циклуси, било дали кратки или долги, или прескокнувањето на циклусот на секои неколку месеци може да има влијание на вашата плодност и природното зачнување. Повеќето случаи на неплодност се предизвикани од проблеми со овулацијата. Жените со нерегуларности, исто така познато како „абнормална овулација“ може да не ослободуваат зрела јајце клетка или овулација за време на нивниот циклус, и тоа опфаќа 30 до 40 проценти од случаите за неплодност.

223558238

Фоликуларна и лутеална фаза

Фоликуларната фаза завршува со почетокот на овулацијата, може да биде кратка или долга, и има најголема улога во одредувањето на должината на нашиот циклус. Фоликуларниот стимулирачки хормон (FSH), женски полов хормон, се ослободува од мозокот за да го поттикне развојот на еден фоликул кој содржи една јајце клетка. Фоликулот ослободува естроген, кој го стимулира растот на слузницата на матката. Последните пет дена од оваа фаза, плус денот на овулација, се нашиот прозорец кон плодноста. Ова е кога веројатноста за забременување се зголемува без контрола на раѓањето.

Завршетокот на фоликуларната фаза е почеток на лутеалната, која започнува на денот на овулација, денот кога јајце клетката се ослободува од фоликулата на јајниците. Ова може да се случи било кое време помеѓу 7-миот и 22-риот ден од нормалниот менструален циклус.

Сега, доколку јајце клетката е оплодена од спермата, а потоа имплантирана во ендометрумот, започнува бременоста. Ако јајце клетката не е оплодена или имплантирана, ендоментрумот започнува да се распаѓа. Оваа фаза обично трае 13 до 15 дена или две недели пред да го добиеме нашиот следен циклус.

Нормалниот менструален циклус може да трае 3 до 7 дена, со најголема загуба на крв во првите 3 дена.

Краток менструален циклус: помалку од 21 ден

Кога менструалниот циклус е помалку од 21 ден, тоа значи дека не се случила овулација. Обично, како што старееме нашиот циклус се скратува, и нашите јајници содржат помал број на јајце клетки – предзнаци дека следи менопаузата. Докторите треба да го проверат нивото на хормони, па ако FSH е навистина висок, тоа е знак дека јајце клетките се намалуваат, според д-р Гејтер.

Во меѓувреме, пократок и полесен циклус може да биде показател за менопауза кај постарите жени, или пак предвремена оваријална инсуфициенција кај помладите жени во нивните 20-ти години. Оваа состојба се однесува на загубата на нормалната функција на јајниците пред 40 годишна возраст. Кога јајниците не предизвикуваат нормални количини на хормонот естроген или не ослободуваат редовно јајце клетки, неплодноста е чест резултат.

uterus-and-ovaries-drawing

Долг или неправилен менструален циклус

Кога менструалниот циклус трае повеќе од 35 дена, овулацијата или не се случува или пак се случува меѓутоа неправилно.

Во еден редовен циклус, прогестеронот е оној кој го предизвикува крварењето. Меѓутоа, доколку фоликулот не созрее и овулира, не се ослободува прогестерон, и слузницата на матката продолжува да се гради поради естрогенот. Слузницата станува густа и нестабилна, што на крај доведува до крварење.

Исто така, лицата со прекумерна тежина може да имаат тешки циклуси.

„Производството на естроген доаѓа од две места, јајниците и дополнителните маснотии. Мастониите во телото имаат способност да произведуваат многу естроген, а толку многу естроген во матката може да доведе до појава на рак“ – додава Гејтер.

Ановулација

Докторите го користат терминот „ановулација“ кога јајниците не испуштаат зрели јајце клетки редовно. Ова може да се должи на многу фактори, како на пример нерегуларности со тироидната жлезда или зголемено ниво на пролактин, што може да го попречува мозокот во комуникацијата со јајниците. Синдромот на полицистични јајници е состојба предизвикана од нерамнотежа на половите хормони и може да предизвика престанување на овулацијата и плодноста, и го зголемува ризикот за спонтан абортус.

challenge-fertility-options

Тивка ановулација

Сепак, и жените кои имаат редовен и нормален менструален циклус може да немаат секогаш овулација. Едно истражување од 2015-тата година покажа дека една третина од навидум нормалните менструални циклуси може да бидат без јајце клетки, што е познато како „тивка ановулација“. Тоа значи дека при редовен циклус, јајниците не ослободуваат јајце клетки.

Ова може да биде опасно за плодноста кај една жена, со што се зголемува и ризикот за срцев удар и рак на дојка. Стресот исто така е поврзан со оваа состојба.

Во прилог на медицинските услови, д-р Гејтер забележува и дека многу напорна физичка активност, како трчање на долги патеки, може да доведе до проблеми со плодноста. Едно истражување од 2012-тата покажало дека жените со нормална тежина и под 25 години кои интензивно вежбале, на пример пливање, трчање или аеробик 5 или повеќе часа во неделата имале 42 проценти помала шанса за забременување од оние кои не вежбале воопшто.

Енергичното вежбање може да влијае на овулацијата, а со тоа да го наруши менструалниот циклус. Исто така, може да влијае и на имплементацијата, или способноста на јајце клетката да се прикачи за внатрешноста на матката.

Емоционалните, социјалните и физичките фактори може да предизвикаат промени на телото, со што влијаат на нашиот циклус.

Sanitary pads for women with clean white tampons lying on

Д-р Гејтер ги советува жените да побараат помош доколку забележат неправилности во нивниот циклус или пак, доколку се обидуваат да забременат веќе една година.

Обрнувањето на внимание на она што се случува со нашето тело секој месец ќе ни помогне да го разбереме нашиот менструален циклус и тоа што се случува со нашата плодност.

Поддржете ја нашата работа: