Ракот е застрашувачка болест, но ракот на панкреасот е една од најтешките дијагнози. Според Клиниката Мејо, оваа болест е една од водечките причини за смрт предизвикани од рак, бидејќи кога ќе се открие, веќе е доцна да се отстрани, а исходите од другите видови на терапија се слаби.
Како што наведува Американската асоцијација за рак, постојат два типа рак на панкреас: егзокрин рак на панкреас и панкреатични невроендокрини тумори. Двете форми во почетокот покажуваат мал број на симптоми, а доколку не се откријат во рана фаза, многу е тешко да се третираат.
Меѓу симптомите кои се јавуваат кај егзокриниот тип спаѓаат: жолтица, болки во стомакот и грбот, губење на тежина и лош апетит, гадење и повраќање и згрутчувања на крвта. Според Американската асоцијација за рак, жолтицата која се манифестира со пожолтување на кожата и очите е резултат на таложењето на билирубинот во црниот дроб.
Ракот на панкреасот го предизвикува ова со тоа што не дозволува црниот дроб да го излачува билирубинот кој нормално се исфрла од текото преку столицата. Меѓу другите знаци на жолтица се и темна урина, светла боја на столицата и чешање по кожата.
Болката во стомакот или грбот се јавува во зависност дали ракот е локализиран на телото или опашката на панкреасот. Гадењето и повраќањето се јавуваат доколку туморот притиска на желудникот. Тоа може да го блокира желудникот и да го отежне поминувањето на храната.
Крвните згрутчување се уште еден можен знак за рак на панкреаст, конкретно во долгите вени, како што се тие во нозете, познато како длабока венска тромбоза. Се карактеризира со болка, оток, црвенло и топлина во ногата.
Додека егзокриниот рак на панкреасот покажува симптоми кои донекаде може да се детектираат, панкрестичните невроендокрини тумори многу потешко се откриваат.
Според Американаската асоцијција за рак, овие тумори често испуштаат зголемено количество на хормони во крвотокот. Различните типови од овие хормони создаваат различни хормони, што доведува до различна симптоматологија.
Глукагеномата создава глукагон, хормон кој го зголемува нивото на шеќер во крвта, што потенцијално може да доведе до дијабет. Како последица на тоа се јавува зголемено чувство на глад и жед, често мокрење, дијареја и губиток на тежина. Главниот симптом што ги тера пациентите да побараат помош од доктор е црвен осип, што се нарекува некролитичка миграторна еритема, која може да преминува од еден на друг дел на кожата.
Инсулиномата (која создава инсулин), прави сосема спротивно од глукагеномата, односно го намалува нивото на шеќер во крвта што резултира со слабост, потење и конфузија. Доколку нивото на шеќер падне многу ниско, може да дојде до несвестица, па дури и кома.
ВИПома туморите создаваат супстанција наречена вазоактивен интестинален пептид (ВИП). Преголемо количество од ВИП, предизвикува дијареаја, која во почетокот може да биде лесна, но која со време се влошува, како и мускулни грчеви, чувсто на слабост и замор. Овие тумори, исто така предизвикуваат и проблеми со варењето, како последица на намаленото ниво на желудечна киселина.
Во другите видови на рак на панкрес спаѓаат: стоматостатином, ППома, карциноиди и нефункционални невроендокрини тумори.