Рани знаци кои откриваат дали вашите бемки се канцерогени

Ракот на кожа е втора најчеста малигна болест кај лица помлади од 50 години, а добрата инфографика помага при детекција.

Ракот на кожата е најчест облик на малигно заболување кај пациенти помлади од 50 години, а нивниот број е двојно зголемен во последните три децении. Експертите тврдат дека причината за зголемување на бројот на заболени е цената која луѓето ја плаќаат поради прекумерено и незаштитено сончање во младоста, како и користење на солариум, кој својата популарност ја доживеа во текот на осумдесеттите и деведесеттите години на минатиот век.

Малигниот меланом е еден од најопасните форми на рак, а експертите веруваат дека главен виновник за негова појава е опсесијата кај луѓето за потемен тен.

Кожата се сеќава на изгорениците уште од најраното детство, а како резултат на тоа можат да се развијат промени на кожата од кои произлегува меланом. Шансата за развој на карцином е поголема доколку порано ги имаме добиено изгорениците. Потребно е внимание и при користење на солариум, бидејќи 15 минутно негово користење има исто влијание врз кожата како целодневно сончање на плажа.

Иако светилките во солариумот емитираат помал процент на УВ зраци, кои се одговорни за меланомот, не се безопасни. Луѓето кои одат на солариум почесто, заболуваат од меланом, а ризикот е поголем кај оние кои почнале да го користат на рана возраст. Важно е навремено да реагирате и доколку забележите симптоми истите да ги пријавите на лекар, кој според клиничката слика ке ве упати на понатамошен специјалистички преглед.

Ракот на кожата не боли, но рапидно расте и се појавува насекаде по телото. Најчесто настанува на деловите кои се изложени на сонце, особено на лицето и вратот, а се појавуваат и на екстремитетите. Меланомот е еден од најопасните форми на рак на кожата, а се појавува како пигмент на кожата и се претвора во бемка.

Симетричните бемки, чии граници се јасно видливи, најчесто се бенигни и не се опасни. Малигните бемки, се карактеризираат со неправилен облик и нееднакви и нејасни рабови. Ако не сте сигурни дали бемката е симетрична, замислете линија која ја дели бемката на половина. Ако двете половини се со еднаква големина и контура, бемката не е малигна, но доколку се сомневате посетете лекар.

При детектирање на тоа дали вашата бемка е потенцијално канцерогена, ќе ви помогне оваа инфографика.

Поддржете ја нашата работа: