Денот на вљубените е измислен од компаниите за картички, а усовршен од страна на науката. На крајот на краиштата, наоѓањето на совршен партнер е во суштина статистика. Привлечноста , како и многу други варијабли може да се предвиди со доволно голема база на податоци.
Колку сродни души имате наоколу?
Ова понекогаш наликува на барање вонземјани и прави да се чувствуваме безнадежно. Ајде да видиме што вика математиката.
Џо Хансон од емисијата „Во ред да се биде паметен” во видеото подолу ја објаснува „Дрејковата равенка“ за пресметување на шансите. Во однос на вонземјани, варијаблите се бројот на ѕвезди, процентот на оние ѕвезди со планети, итн.
За романтичен состанок, еквивалентни броеви може да бидат процентот на луѓето кои се „сингл“ во дадено време, веројатноста тие да ви бидат привлечни и обратно, како и веројатноста да стапите во контакт со нив.
Хансон вели дека за него постојат 871 хипотетички партнери. Проверете ги вашите бројки, според примерот.
Кога треба да се смирите?
Со колку луѓе треба да се состанувате, пред да добиете мостра за тоа кој е компатабилен за вас? Одговорот, повторно лежи во математиката.
Математичката алатка се нарекува „теорија на оптимално сопирање”, или точката во која се зголемува веројатноста за наоѓање совршен партнер. Таа се применува во многу области, од вработување на најдобриот кандидат до купување на вистинскиот автомобил. Главната идеја е, во долгата линија на можни опции, како да знаете кога е време да престанете со барање.
Во 2006 година, психологот Нил Берден се обиде да го одговори ова прашање. Неговиот пристап, вели дека во група од 10 лица, постојат 75% шанси да го најдете вистинскиот. Во група од 100, шансите се 90.
Математичарот Хана Фрај, овој концепт го објасни минатата година на „ TED“.
Дали врската ќе опстане?
Имате партнер и добро ви е заедно. Но, имате ли заедничка иднина? За среќа, математиката повторно со одговор. Научниците создадоа формула за веројатноста на иднината врз основа на анкета на 2000 мажи и жени.
Според нивните резултати, искреноста на мажот, дали партнерите се познавале пред да почнат да се состануваат и ставот за децата од двете страни, се едни од најважните фактори за опстанок на врската.
Еве ја формулата, објавена во „Телеграф“
L = 8 + .5Y – .2P + .9Hm + .3Mf + J – .3G – .5(Sm – Sf)2 + I + 1.5C
L : Претпоставена должина на врската
Y: Бројот на години, пред врската да стане сериозна
P: Бројот на претходните партнери кои двајцата сте ги имале
Hm: Важноста која машкиот партнер ја придава на искреноста во односите
Мf: Важноста која женскиот партнер ја придава на парите
Ј: Заедничката важност на хуморот
G: Заедничката важност на физичкиот изглед
Sm и Sf: Важноста на сексот за мажот и жената
I: Важноста на согласувањето со семејството на партнерот
C: Важноста на децата во врската
Забелешка: Оценувањето се врши на скала од 1-5, каде што 5 означува „многу важно“. Доколку не сте расположени за решавање равенки, онлајн калкулаторот ќе ви ја олесни задачата.
ЕНаука.мк e проект во кој главната движечка сила се лица со хендикеп и негови главни цели се враќање на интересот за науката и технологијата во нашите домови, институции и медиуми, како и да докаже дека вистинското место на лицата со хендикеп е во македонската наука и економија. Редовното посетување на нашиот портал, споделувањето и дискусија на интересните статии ќе овозможи одржливост на овој проект и ќе поттикне други слични идеи од кој бенефит би имало целото општество.