Нов непријатен факт е дека фенот за сушење на раце во јавните тоалети собираат фекални бактерии, а потоа ги распрскуваат по вашите раце.
Имено, на сите ни е познато дека фекалните бактерии завршуваат во воздухот откако ке се пушти вода во непоклопена ве-це школка, а сега во САД е спроведена студија при што е установено дека феновите за сушење на раце ги собираат тие фекални бактерии и потоа ги оставаат на вашите раце.
Научниците ги анализирале плочите, изложени само 30 секунди под фенот, и рацете на корисникот. Установиле дека плочите имаат на себе во просек од 18 до 60 колонии од бактерии, додека на рацете на корисникот кој поминал само 2 минути во јавен тоалет е пронајдена нешто помалку од една колонија.
Студијата вклучува 36 тоалети во објектот на медицинскиот факултет при Универзитетот во Конектикат. Лабораторијата открива еден специфичен но безопасен вид на бактерија, наречена Bacillus subtilis. Колониите од тој вид ги создаваат од 2 до 5% бактерии кои се пронајдени на плочите, третирани со фен за сушење раце, без оглед на тоа колку е оддалечен тоалетот од лабораторијата во која настанале спори.
“Таквите резултати покажуваат дека многу видови на бактерии, вклучувајќи ги и потенцијалните патогени и спори, можат да бидат распрскани низ целиот објект и да се депонираат на рацете преку фен за сушење на раце”, велат авторите на студијата.
Со тоа се поставува прашање зошто плочите, третирани со воздух од фен за сушење на раце имале многу повеќе спори. Феновите за раце можат да делуваат како резервоар за бактерии. Доказите покажуваат како тие можат да ги прекријат рацете со бактерии, но не е сигурно дали депонираат и бактериски спори.
Која и да е причината за ширењето на фекални бактерии, научниците препорачуваат хартиени брисачи за раце наместо фен за сушење.