Разоткриена тајната на вирусите

Досега научниците не можеа да го забележат кодот што им беше „пред очи“, сокриен во низата од рибонуклеинската киселина (РНК) која го сочинува типот на вирусниот геном.

Откриени се молекуларните детали за тоа како овие вируси успеваат повторно да ги соединат протективните протеини околу геномите на специфичен и многу ефикасен начин и ги покажува многубројните контакти помеѓу протеинската обвивка и сигналите во вирусниот геном.

„Ако го замислите ова како молекуларна војна, ова се шифрирани сигнали кои му овозможуваат на вирусот ефикасно  да се развива. За оваа цела класа вируси сега ја откривме „Енигма машината“ – системот за кодирање – кој ги криеше овие сигнали од нас. Ние покажавме дека не само што можеме да ги прочитаме тие пораки, туку и да ги „измешаме“ и да ги спречиме вирусите да се развиваат“ – вели професорот Питер Стокли кој го раководел Биотехнолошкиот и Биолошкиот Научно-истражувачки совет, на Универзитетот во Лидс.

Следниот чекор би бил да се прошири истражувањето и на животинските вируси. Истражувачите веруваат дека нивните методи ќе понудат нови патишта за откривање на нови лекови.

enauka.mk
9,243наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,798денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.