Реконструирана античка Помпеја во 3Д

Археолозите виртуелно реконструирале куќа од античка Помпеја во 3Д, откривајќи ја убавината на италијанскиот дом пред речиси 2.000 години.

Проектот, кој го реконструира живеалиштето на богатиот банкар во Помпеја наречен „Caecilius Iucundus“ ни дава најдобра претстава досега за тоа какви биле условите за живот во познатиот град пред катастрофалната ерупција на вулканот Везув во 79г.

Реконструкцијата се базира на работата на шведскиот проект за Помпеја кој започна во 2000-та година во Шведскиот институт во Рим и сега е под надзор на истражувачите од Универзитетот Лунд во Шведска.

Истражувачите, предводени од археологот Ана-Мари Лендер Туати спроведоа 3Д скенирање на еден градски блок на Помпеја за време на теренските експедиции помеѓу 2011 и 2012 година, и луксузниот дом кој може да го видите на видеото подолу е еден од првите 3Д модели кои треба да се завршат како дел од виртуелната реставрација.

Гратскиот блок кој истражувачите го скенираат со рачни ласерски скенери и дронови е наречен „Insula V1“, и беше избран бидејќи тој бил сместен помеѓу двете најголеми сообраќајници на Помпеја.

„Insula V1“ се состои од два големи богати имоти во прилог на домот на банкарот, плус таверна, перална, пекара и неколку градини – од кои во едната имало чешми за фонтана кои работеле за време на ерупцијата, велат истражувачите.

Иако примарната цел на видеото е да и се обезбеди на јавноста увид на условите за живот во Помпеја, главната цел на истражувањето е повеќе научна – тимот ќе ги сподели сите свои 3Д податоци и работни процеси за да се направи процесот на реконструкција комплетно транспарентен и достапен за истражувачите и за учениците.

Тоа значи дека можно е наскоро да видиме многу повеќе од античката Помпеја.

Може да го погледнете објаснувањето на истражувачите за проектот на виртуелна реконструкција во видеото подолу:

Поддржете ја нашата работа: