Едноставното обвиткување на деловите со масни наслаги, како тие на стомакот и бутините, со облоги од мраз во рок од 30 минути може да ги согори тешко согорливите калории.
( Внимание: Директно поставување на мраз изладен на многу ниски температури може да предизвика „изгореници“ на кожата , затоа доколку експериментирате со мразот бидете многу внимателни и користете некој тип на облога помеѓу мразот и кожата )
Кај човекот се разликуват два вида масно ткиво. Бело масно ткиво, кое најчесто се наоѓа на стомакот и колковите и претставува „гориво“ за мускулите и кафено масно ткиво, кое организмот го користи да продуцира топлина. Колку ни е поладно, толку повеќе се троши кафеното масно ткиво.
Научниците откриле дека, кога белото масно ткиво многу ќе се олади, тоа може да се претвори во еден вид кафено масно ткиво што научниците го нарекуват „беж“, кое исто така може да се согори за да продуцира топлина. Ладните облоги го поттикнуваат телото да го претвори „млитавото“ бело масно ткиво во лесно согорливо „беж“ масно ткиво.
Истражувачите зеле примероци од масното ткиво од бутовите кај 16 лица кои претходно 30 минути имале облоги од мраз и испитувале специфични генетски маркери за да се утврди кој тип на масно ткиво е присутно. Откриле зголемено ниво на три генетски маркери кои се поврзуваат со беж или кафено масно ткиво.
Исто така, анализирале примероци од масно ткиво од стомакот кај 55 луѓе земени во зима, со цел да се утврди дали во зима масното ткиво се претвора во „беж“. Резултатите покажале дека во примероците земени во зима има поголемо ниво на „беж“ масно ткиво во споредба со примероците земени во лето.
Ова открива зошто луѓето во зима имаат потреба од помрсна храна, бидејќи белите масни клетки во зима повеќе се трошат за да се создаде топлина отколку за енергија на мускулите.
Истражувачите откриле дека кај дебелите луѓе белото масно ткиво не се претвора во „беж“ како кај слабите. Тие исто така откриле и дека повисоката температура го попречува претворањето на белото масно ткиво во „беж“.
Ова се надоврзува на едно претходно истражување кое покажало дека може да се „истенчите“ со тоа што ќе го намалите греењето во домот за неколку степени. Повеќето домови во зима одржуваат температура од околу 21 степен целзиусов, но научниците од медицински центар на Маастрихт Универзитетот препорачуваат да се намали температурата во домот помеѓу 17 и 15 степени во текот на неколку часа дневно.
Експертите тврдат дека заради тоа што поминуваме многу време во затворени и многу често презагреани простории, нашето тело не ги „гори“ калориите за да се згрее.
Ова истражување е објавено во списанието Clinical Endocrinology and Metabolism.
Едно друго истражување на научници од САД откри нов вид на масни молекули во телото кои можат да бидат корисни како и Омега-3 киселините од рибиното масло и да го контролираат нивото на шеќер во крвта. Наречени се FAHFAs (англ. fatty acid hydroxy fatty acid ) и тие се наоѓаат во масните клетки исто како и во другите клетки во нашето тело. Детекција на овие молекули до сега не беше направена бидејќи нив ги има во многу мали концентрации.
Иако концентрациите на FAHFAs се мали сепак нивната улога е голема :
- – Ја зголемуваат сензитивноста на инсулин
– Ја подобруваат секрецијата на инсулин ,како и толерантноста на гликоза
– Го блокира произвотството на инфламаторни цитокини и го намалува воспалението на масното ткиво
Испитувањата направени на глувци покажале дека зголеменото нивото на FAHFAs ги штити глувците од дијабетес дури и кога се дебели.
„Ова е извонредно откритие кое отвара нови можности во третманот на дијабетес со оглед на тоа што дебелината и дијабетес тип – 2 добиваат епидемиски размери“ – истакнува д-р. Барбара Кан од Медицинскиот факултет Харвард.
Иако овие молекули се откриени во повеќе видови на храна : јаболко , жолчка од јајце , телешко месо , пилешко месо , сепак треба да ги почекаме новите истражувања кои треба да покажат дали конзумирањето на овие молекули ќе биде корисно за нашето здравје.