Заработка благодарение на глобалното затоплување: Дали Гренланд наскоро ќе извезува песок?

Гренланд би можел да започне со извоз на песок, благодарение на глобалното затоплување кое ја топи ледената површина на островот и има голема количина на талог во морето – се вели во новата студија на тимот научници од Данска и САД.

Водечкиот автор, Мет Бендикен, истражувач од Универзитетот Колорадо, укажува на фактот дека топењето на мразот можеме да го замислиме како една славина низ која се излива песок на брегот.

Студијата исто така наведува дека Гренланд би можел да ги процени ризиците од крајбрежното рударство, што првенствено се однесува на риболовот.

Шведската побарувачка за песок изнесувала околу 9,55 милијарди тони во 2017 година, со пазарна вредност од 99,5 милијарди долари и се предвидува дека ќе достигне до 481 милијарди долари во 2100 година поткрепено со зголемената побарувачка и можните недостатоци – се вели во студијата.

Дејвид Бурман од данскиот универзитет во Архус, кој не учествувал во студијата, вели дека веќе постои некоја локална експлоатација на песок за домашната градежна индустрија во Гренланд и дека во моментов е евтин ресурс кој сигурно ќе стане поскап.

Студијата истакнува дека во иднина може да се користат и песокот и камчињата за зајакнување на плажите и бреговите кои се изложени на ризик од зголемување на морското ниво, што делумно се должи на глобалното затоплување и топење на мразот на Гренланд.

enauka.mk
9,268наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,191денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.