Мистериозен зелен мраз на Антарктикот: Никој не знае како настанува

Зелените глечери на Антарктикот веќе се дел од митологијата. Уште во 18-тиот век научниците забележале необични зелени парчиња мраз на работ на светот. Мистеријата за зелениот мраз ја мачи науката повеќе од 200 години, а сега тим на научници од Универзитетот Вашингтон е на пат да ја реши.

Мразот најчесто е бел или син, зависно од тоа како водата ги апсорбира другите бои од видливиот спектар. Научниците веќе имале некои теории за настанокот на зелениот мраз, но глациологот Стивен Ворен има нова теорија според која зелената боја настанува од оксидот на железото кои сантите мраз ги бои смарагдно зелени.

Ако таа теорија е точна, тогаш тоа е многу повеќе од решавање на мистеријата. Железото затворено во мразот го претставува делот кој недостасува во ланецот на исхрана. Сантите доаѓаат до железото додека се формираат, а го собираат од дното на Антарктикот. Тогаш ледените санти носат железна прашина во океанот, каде со нив се хранат фитопланктони, микроскопски огранизми со кои се хранат јотивот, зоопланктони и медузи, и други подводни видови.

“Тоа е како носење на пакет во пошта. Сантата може да го однесе железото далеку во океанот, да се растопи и да се предаде на фитопланктоните кои го користат како нутриент. Секогаш мислевме дека зелените санти се само необична појава, но сега е извесно дека се многу важни“, вели Ворен.

За Ворен патувањето започнало во 1998 година. Тогаш тој зел примерок од зелен глечер во близина на источен Антарктик.

“Кога се искачивме на глечерот, во тој момент не беше највпечатлива бојата, туку чистотата. Немаше балончиња, беше јасно дека тоа не е обичен глечер”, вели тој.

Фактот дека нема балончиња е многу необичен. Речиси секогаш постојат меурчиња со воздух, но глечерите кои настануваат со други процеси тоа го немаат, и имаат потемна боја.

Но, тоа и натаму не го објаснува зеленилото. На почетокот мислел дека тоа е растопен јаглен кој е жолт, а жолто и сино, прават зелено. Меѓутоа, тестовите покажале дека во нив има исто јаглерод како и во секој друг просечен глечер.

Во 2016 година, направено е истражување кое го водела Лаура Херез Борегеро на Универзитетот Саутемптон, а тоа покажало дека зелените глечери имаат 500 пати повеќе железо.

Тоа пак довело до нови проблеми и прашања, од каде доаѓа тоа железо. Сега се мисли дека тоа е глацијална кал, седимент пофин од песок, кој го разнесува водата. Тој е замрзнат ширум светот во глечери, но додатокот на железо е можеби онаа состојка во рецептот кој ледените санти на Антарктикот ги бои во зелено.

Поддржете ја нашата работа: