Две студии кои ги истражувале омега- 3 масните киселини во суплементите од рибино масло, покажале дека тие не обезбедуваат никаква позначајна заштита од коронарни срцеви заболувања, споредено со другите типови прехрамбени масти.
Студиите во кои се испитувани мастите покажале дека само транс-мастите пројавуваат јасни негативни ефекти врз здравјето на срцето.
Се покажало дека заситените масти, кои веќе долго време се сметаа за непожелни во исхраната, не претставуваат никаков дополнителен ризик за болести на срцето. „Тие носат отприлика ист ризик за срцето како и незаситените омега-3 и омега-6 масни киселини“ – се вели во статијата на д-р Раџив Чаудри, кардиоваскуларен епидемиолог од Универзитетот во Кембриџ, и соработниците, објавена во „Annals of Internal Medicine“. Транс-мастите се наоѓаат во обработената храна (во листата каде се опишува составот на храната се означени со зборот „хидролизирани” или „полухидролизирани “).
Истражувачите во една друга студија дошле до истите податоци, но по друг пат. Тие го испитувале дејството на омега-3 масните киселини врз здравјето на очите, но ги искористиле добиените податоци да видат дали суплементите помагаат во превенцијата од срцеви заболувања. Во испитувањето учествувале 1100 луѓе кои земале омега-3 суплементи , а наодите не покажале намалување на срцевите заболувања или мозочниот удар, споредено со приближен број луѓе кои користеле други суплементи за здравјето на очите или плацебо.
Во мета-анализата, спроведена од тимот на д-р Чаудри, биле опфатени 72 студии со пвеќе од 600.000 учесници од 18 нации. Тимот ги комбинирал податоците од сите студии за да изврши проценка на влијанието на заситените масти, незаситените масти и омега-3 и омега -6 масните киселини врз здравјето на срцето.
До сега докторите велеа дека заситените масти го зголемуваат нивото на “лошиот” LDL холестерол, кој може да предизвика создавање на масни наслаги во артериите, зголемувајќи го ризикот од срцев или мозочен напад , додека пак омега-3 масните кисели го подобруваат здравјето на срцето со тоа што го зголемуваат нивота на “добриот “ HDL холестерол. Се верува дека добриот холестерол му помага на телото да се ослободи од лошиот холестерол.
И покрај што сето тоа е точно, наодите на Чаудри и неговиот тим, покажуваат дека ниеден од тие ефекти се чини не прави значителна разлика во севкупната заштита од коронарни срцеви заболувања.
Заситените масти не се главниот проблем кога се работи за болестите на срцето, додека омега-3 и омега -6 масните киселини имаат мал или никаков ефект во редукцијата на кардиоваскуларните заболувања
-вели Чаудри.
Секако омега – 3 масните киселини играат важна улога во одржувањето на доброто здравје и потребни се за одржување на бројни функции во телото како што е контролата на згрутчување на крвта или изградбата на клеточната мембрана на мозочните клетки.
Но, луѓето треба да се фокусираат на обезбедување на потребните омега-3-масни киселини преку храната богата со овие киселини, како на пример рибата а не преку суплементи.