Римски графити стари со векови

Колосеумот, изграден во првиот век, можел да собере 50 000 публика. Нумерираните влезови и покриените премини и овозможувале на публиката лесно да влегува и излегува, а моќниците лесно да се одвојат од останатиот свет.

Ѕидот на кој се наоѓа графитот е дел од преминот кој водел до горните галерии, каде во ефтини седишта се сместувале жените, децата и робовите за да ја гледаат борбата на гладијаторите и дивите животни во арената која се наоѓала 18 метри подолу.

Во тоа време, дури и при слабата светлина во премините, графитите насликани со црвено, на светлата површина од малтер, можеле јасно да се видат.

Во денешно време, значењето на овие графити е мистерија, иако на некои парчиња малтер од друг дел од ѕидот, може да се види гранка од палма (симбол на победа) и буквите „VIND“ кои можат да бидат дел од „vindicatio“ или одмазда.

Ребека Бенефил, експерт за римски графити, во делот кој изгледа како издолжена буква “S” гледа избледен профил на лице. Тоа била најпопуларната слика во античките графити, вели таа. Во римско време, луѓето ретко ги пишувале своите графити врз веќе постоечките.

Во 19-ти век, Kолосеумот бил многу познат споменик, па туристите сакајќи да остават белег за своето присуство тука, често своите пораки ги пишувале преку графитите.

Властите во Рим велат дека ќе ги отворат овие премини за туристите, штом ќе биде завршено реновирањето. Веројатно ќе биде поставена и некаква бариера за да ги спречи идните туристи да оставаат свој “автограм за потомците.”

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt