Робокап на улиците на Дубаи ( Видео )

Роботи полицајци ќе патролираат на улиците на Дубаи , заедно со полициските сили.

Уште во октомври 2016 година беше претставен прототип на робот полицаец- или „Побокап“, како што  многумина го нарекоа, кој ќе може да им помага на граѓаните. Сега се најавува дека во функција официјално ќе бидат пуштени во мај оваа година.

Андроидот е опремен со технологија зa препознавање нa лица, а  жителите ќе можат да го користат за пријавување на  криминал, но и  да плаќаат  сообраќајни казни.

Роботот-полицаец има способност да скенира  лица на оддалеченост од 20 метри и на градите има екран преку кој граѓаните ќе можат да се поврзат со полицијата. Има дури и микрофон  кој е директно поврзан со кол-центарот на полицијата во Дубаи.

Ако се покажат ефикасни, се очекува до 2030 година  роботите да сочинуваат 25 проценти од полицијата во градот.

„ Сакаме да ја оствариме нашата цел и да развиеме паметни роботи полицајци. До 2025 година Дубаи ќе биде еден од петте градови кои ќе имаат најдобар безбедносен систем“– изјавил мајор генералот Абдулах ал Мери од полицијата на Дубаи.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,236од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,922 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.