Робот готвач 2017

Што кога би можеле да имате робот-помошник во кујната, подготвен да ви припреми гурмански оброк кога и да посакате? Тоа е сонот на „Moley Robotics“, англиска компанија која разви прототип на робот-готвач.

Роботот беше претставен на овогодинешниот саем за технологија во Хановер и се состои од две подвижни раце поставени над кујнската област, односно шпоретот, лабавото и рерната. Софистицираните артикулирани роботски раце се создадени од страна на друга англиска компанија – „Shadow Robot Company“, чии производи се застапени насекаде низ светот, вклучувајќи ја и НАСА.

Системот работи на тој начин што прво ги снима човечките активности во 3Д и потоа ги конвертира во високо прецизни движења. Прототипот бил „обучен“ од готвачот Тим Андерсон кој навистина готвел различни оргинални јадења во студио.

Според веб сајтот на компанијата, роботот ќе стигне на пазарот до 2017 година, заедно со неколку дополнувања, вклучувајќи и библиотека на илјадници рецепти, машина за миење садови и фрижидер. Тоа значи дека не само што нема да го зготвите јадењето, туку исто така и нема да се мачите и со миењето на садовите потоа. Дури ќе можете и да го контролирате од далечина со помош на апликација, што значи дека можете да си го порачате јадењето и да биде готово кога ќе стигнете дома. Прекрасно, нели!?

Компанијата се надева дека ќе создаде и комплетна верзија со камера за корисниците да го научат роботот да прави нивно сопствено оргинално јадење, кое потоа можат да го прикачат на дигиталната библиотека на рецепти и да го споделат со другите корисници.

Се разбира, ваквата технологија не би била евтина и би ве чинела околу 14 000 евра.

 

Поддржете ја нашата работа: