Робот со емоции и меморија

Д-р Фаршид Амирабдолахиан, кој предава за адаптивни системи во Универзитетот, предводел тим од девет партнерски институции од пет европски земји, како дел од проектот наречен „ACCOMPANY“ (Прифатливо друштво на роботи во староста), вреден 4 825 492 евра.

Во текот на последниве три години, тимот успешно направил голем број на истражувања, како на пр. забележување на активноста и статусот на луѓето, како и фокусирање на способноста за паметење и сеќавање на роботот.

Резултатите кулминирале во три итеракциски сценарија, кои последователно биле оценувани со вклучување на постари лица и нивните негуватели во Франција, Холандија и Велика Британија.

Резултатите од проектот „ACCOMPANY“ покажуваат дека роботот може да помогне да се спречи изолацијата и самотијата на постарите лица, со тоа што ги стимулира активностите, а истовремено ја почитува нивната самостојност и независност. Проектот доби одлични резултати од финалните прегледи во Брисел.

„Овој робот ја докажа можноста да се има придружник од технологијата, истовремено нагласувајќи ги различните важни аспекти како емпатија, емоција, социјална интелигенција, како и етиката и нејзината норма кои ја опкружуваат технологијата“, изјави д-р Амирабдолахиан.

 

 

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,236од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,922 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.