Роботот што делува како човек

Јапонскиот роботист Хироши Ишигуро од Унверзитетот во Осака стана познат во јавноста со ултра-реалистичниот робот што го имаше неговиот лик, но оттогаш проектот полека се повлече од реалноста. Но, со неговиот најнов поект – наречен Алтер (Alter), тој уште еднаш оди чекор понапред.

Криран во соработка со Такаши Икеами од Универзитетот во Токио, Алтер има човечки лик и раце прекриени со силиконска кожа, но во останатиот дел од роботот електрониката е видлива, за да потсетува дека се работи за робот. Сепак, целта е роботот да изгледа како да е жив.

„Претходните андроиди беа направени да личат што е можно повеќе како луѓе, со тоа што го копираат човечкиот изглед и начинот на кој тие зборуваат. Но, и покрај тоа што има многу „механички “ изглед и не зборува ништо, Алтер ве тера да мислите дека тој е жив“- вели Ишигуро, според „The Japan Times“.

Алтер бил изложен во Музејот на напредни науки и иновации во Токио и во видеото подолу може да се види како тој им гестикулира на посетителите во музејот и ја отвара устата како да зборува. Тој можеби изгледа како да е жив, но само во највознемирувачката смисла на зборот.

enauka.mk
9,246наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,515денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.