Русите открија бактерии кои „јадат“ нафта

Како што опиша Татјана Григориева, истражувач на Институтот за основна медицина и биологија на универзитетот, се работи за бактериите „Pseudomonas stutzeri KOS6“ кои може да се користат во петрохемиската индустрија. „Откритието е патентирано и подготвено за употреба од страна на петрохемиските компании“, вели таа.

Постојат и аналогни форми кои работат со лесни јаглероводородни фракции и дамки нафта, но тие се чувствителни на тешките метали во индустриските отпадни води и едноставно умираат.

„Pseudomonas stutzeri KOS6“ е отпорна на агресивни средини и може да се користи во сите компании за рафинирање на нафта и органска синтеза, за чистење на средините загадени со нафта, како и за стимулирање на растот на растенијата во неповолните средини. Досега, научниците ја тестирале само против нафтените дамки и јаглеводородните фракции.

Научниците ја откриле бактеријата при истражувањето на талогот од канализацијата на фабриката “Kazanorgsintez”. Во моментов, го следат растот на бактеријата во „CFI“ – еден од деветте руски федерални универзитети, основани во 1804 година.

Истражувањето е објавено во „Genome Announcements“.

enauka.mk
9,245наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,695денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.