Шпанските научници внимателно работат на развој на паметна четка за заби која ќе може да детектира рани симптоми на одредени здравствени проблеми, и така конечно да ја спречат евентуалната прерана смрт од срцеви заболувања. За што станува збор?
Имено, развиена е паметна четка за заби која зема брисови од устата и потоа прецизно ги детектира промените во организмот кои упатуваат на потенцијално откажување на срцето.
Кардиологот Алваро Марко дел Кастиљо, кој работи заедно со тим на научници на изработката на оваа четка, вели: “По пат на собирање на информации за бројот на срцеви отчукувања, крвниот притисок и со биолошките примероци од устата, може да се спречи развојот на опасните болести и да им се помогне на луѓето да водат сметка за своето здравје. На овој проект соработувам со една од водечките технолошки компании. Досега, технички и дизајнерски уредот е завршен, но ние го чуваме во тајност сè додека не се завршат сите детали “.
Дел Кастило тврди дека новата паметна четкичка за заби може да го пронајде ризикот од потенцијално срцево заболување, при што нејзиниот сопственик треба да се консултира со лекар.
Шпанскиот кардиолог и неговите колеги веруваат дека доколку излезе во продажба нивниот пронајдок, употребата на таквата модерна четка за заби ќе стане рутинска и благодарение на неа луѓето секој ден ќе можат да добијат важни информации за нивната здравствена состојба. Имено, огромен број луѓе умираат од срцев удар или од неговите последици.
Можни знаци за потенцијален срцев удар се чувство на гадење, ладна пот и поспаност. Кај мажите најчестиот знак е болка во градите, додека жените може да имаат симптоми на задоцнување како на пример гадење.
Во исто време, тие спроведуваат тестови кои ќе овозможат паметна четка за следење на крвниот притисок и нивоto на кислород во крвта. На истиот тим на научници, д-р Дел Кастило, им помогнал во дизајнирање на “паметна маица” која ги следи виталните органи кај пациентите.