Само капка крв е доволна за новиот тест за недостаток на витаминот Б12

Недостатокот на витамин Б12 може да се тестира со една капка крв од прст, која потоа се впива и суши во текот на ноќта на картичка која се состои од филтер хартија. Картичките од филтер хартија се доволно сензитивни за да го измерат нивото на метилмалонска киселина (ММА), индикатор на нивото на Б12  кај една личност.

„Овој  минимално инвазивен пристап ни помага да се измери недостатокот на витаминот полесно и поудобно, особено кај голем број на луѓе”, вели авторот на студијата Ивон Ламерс.

Методот го поедноставува земањето на крв за истражувачите во руралните или оддалечените области каде софистицираната лабораториска опрема е недостапна. Во  моментов се користи во истражувачки проект во руралните области на Индонезија.

Методот, исто така, може да има значајна клиничка примена.  Има потенцијал да се додаде во скрининг-програмата за новороденчиња. Програмата ги тестира сите излечиви нарушувања кај бебињата. Ако не се открие и третира на време, недостатокот на Б12 може да предизвика задоцнет развој на мозокот, бавно учење и дигестивни проблеми кај бебињата.

Витаминот Б12 е суштински хранлива материја и е од витално значење за здрав нервен систем. Се наоѓа во месото и млечните производи. Според статистиката во Канада, околу 5% од возрасната популација има недостаток , а околу 20% имаат гранични вредности на витаминот Б12. Во земјите во развој, 50-80% од популацијата има недостаток на Б12.

Третманите за недостаток на витаминот B12 вклучуваат инјекции, додатоци, или промена во исхраната.

Поддржете ја нашата работа: