Кога се спомнува терминот “психопат” се присетуваме на некои познати фиктивни ликови – Patrick Bateman, Freddy Krueger, Norman Bates или Dexter Morgan. Меѓутоа, овие се неколку популарни примери на поп-културата, а прашањето е дали некои конкретни личности се дел од психопатскиот спектар.
Иако многу претпоставуваа дека главните особини на психопатот се скоро универзални, новата студија покажува дека тие се разликуваат во различните култури.
Тимот од научници, на чело со Бруно Версхуер, професор по судска психологија на Универзитетот во Амстердам, објави една обемна студија која опфаќа дури 7.450 лица кои покажуваат психопатски карактеристики во САД.
За испитување на учесниците користен е ревидиран тест за откривање на психопати PCL-R (Psychopathy Checklist-revised) кој првично го осмислил канадскиот психолог Роберт. Д. Харе во седумдесеттите години од минатиот век.
Оваа понова верзија на алатката за психолошка проценка, PCL-R, се состои од 20 точки кои се однесуваат на особините на личноста и однесувањето кое е обично поврзано со психопатите.
На PCL-R тестот инаку се имплементира од страна на експерти за ментално здравје. Резултатите потоа се користат за да се утврди дали постои веројатност психопатите да извршат кривични дела. Некои од карактеристиките кои се вклучени се себичноста и антисоцијалното однесување.
Научниците анализирале два големи примероци во САД – еден од Националниот институт за ментално здравје, а друг од Висконсин. Безчувствителноста или отсуството на емпатија била главната точка забележана во PCL-R тестот во двата примерока од САД.
Сепак, резултатите почнале да се разликуваат кога тимот започнал со анализирање на холандскиот примерок. Иако рамнодушноста или недостатокот на емпатија, исто така, биле едни од доминантните карактеристики помеѓу овие личности, паразитскиот начин на живот и неодговорноста сè уште биле најдоминантни.
Научниците веруваат дека ова покажува како карактеристиките на личноста кои посочуваат на психопатско однесување може да бидат показатели за нивното потекло.
“Овие наоди го зголемија значењето на вкрстените културни разлики во психопатијата на фенотипските структури, варијанти на PCL-R тестот или кај двете мерки”, се вели во извештајот.
“Анализите би можеле да помогнат за разјаснување на основните карактеристики на психопатолошките конструкции, вклучувајќи ги и менталните нарушувања, а со тоа и да се обезбеди нова алатка за проценка на непроменливоста во сите култури”.