Самсунг претстави нова серија на мобилни телефони

СПОДЕЛИ

Самсунг ја претстави својата десетта генерација од Galaxy S серијата, која годинава брои пет модели, од кои три се главни, донекаде конвенционални модели, а две се посебни. Поголемиот дел од ова, поради изобилните информации го знаевме претходно, оваа година, па затоа годинава не се соочивме со непознаници.

Сепак, Самсунг успеа да не изненади, презентирајќи го својот прв мобилен телефон на преклоп, а од компанијата беше претставен како исчекор на една сосема нова ера на мобилни телефони.

1.GALAXY S10

Станува збор за стандарден S10 модел, кој има 6,1 инчен AMOLED QHD+ (1440 x 3040 пиксели) екран и дури 3 камери од задната страна. Дизајнот на овој телефон е еволуција на досегашните Infinity Display екрани со S8 и S9 модели, но во оваа верзија е значително проширен со речиси непостоечки рабови околу екранот. Сензорот за отпечатоци на прстот е преместен на предната страна под екранот, со што делува исклучително футуристички.

Остатокот на спецификации е завиден. За нашиот пазар S10 ќе пристигнува со Exynos 9820 процесор кој моментално парира со Snapdragon 855, кој е резервиран за американскиот и кинескиот пазар. 8 GB RAM меморија со две опции за 128 GB и 512 GB. Почетната цена му е 945 евра.

2. GALAXY S10 PLUS

Заедно со S10, исто така е претставен и S10 Plus. Екранот е зголемен на 6,4 инчи, а на предната страна на екранот се наоѓаат две камери. 12 GB RAM меморија. Почетната цена му е 1040 евра.

3. GALAXY S10E

GALAXY S10E е всушност одговор на iPhone XR на Apple. Екранот му е намален на 5,8 инчи како и резолуцијата која изнесува 1080×2280 пиксели. Овој модел не е заоблен, туку целосно рамен. На задната страна има две камери. Почетната цена му е 783 евра.

4. GALAXY S10 5G

Екранот е зголемен на 6,7 инчи, како и батеријата, која на најголемиот модел изнесува 4500 mAh. На задната страна има 4 камери, од кои три се идентични како на S10 Plus моделот, а останатата е за портретни фотографии. S10 5G нема да биде пуштен во продажба до средината на оваа година.

5. GALAXY FOLD

Ѕвездата на презентацијата е Samsung Galaxy Fold моделот. Тој има два екрани, односно еден главен кој се превиткува и е со големина од 7,3 инчи, а поседува уште еден помал екран кој се наоѓа на надворешната страна и е со големина од 4,6 инчи.

Има дури шест камери, РАМ меморија од 12 GB и мемориска картица од 512 GB, што го прави еден од најмоќните смартфони на пазарот .Достапен во 4G и 5G верзија. Почетната цена му е 2000 евра.

 

 

Дискусија

Коментари