Се појавија „змии зомби“ во САД, властите со предупредување до населението

СПОДЕЛИ

Властите во американската сојузна држава Северна Каролина издадоа предупредување во кое се повикуваат жителите да внимаваат на таканаречените „зомби змии“.

Не се опасни како отровниците, но вредни се да се споменат заради нивниот специфичен инстинкт за опстанок.

Станува збор за змии коишто умеат да се преправаат дека се мртви и на тој начин ги одбиваат напаѓачите.

„Кога ќе се најдат во опасност, тие се преправаат дека се мртви така што легнуваат на грб и ја отвораат устата. Може дури и да повратат дел од храната“, појасниле локалните експерти додавајќи дека змиите можат да се сретнат на подрачјето меѓу Флорида, Тексас и Минесота.

Дискусија

Коментари

СПОДЕЛИ