Секој има свој облак од бактерии

Според едно неодамнешно истражување на истражувачите од Универзитетот во Орегон, сите ние, постојано сме опкружени со облак од нашите сопствени бактерии.

Во истражувањето биле вклучени 11 учесници. Учесниците биле поединечно оставени 90 минути во стерилни комори, а потоа било извршено тестирање на микробиолошкиот облак што секој го оставил зад себе.

Микроорганизмите што учесниците ги оставиле зад себе биле вообичаени за човекот, но односот на микроорганизмите бил уникатен за секој од учесниците, така што истражувачите успеале да ги идентификуваат речиси сите учесници само врз основа на нивните микроорганизми.

Најинтересниот аспект од ова истражување е можноста овој микробиолошки „отпечаток“ да најде примена во форензиката. Во недостаток на ДНК материјал, овој микробиолошки отпечаток би можел на форензичарите да им послужи како доказ.

И едно минатогодишно истражување исто така сугерираше дека бактериите што се наоѓаат во пубичните влакна кај секоја индивидуа, може да послужат како микробиолошки „отпечаток“ со кој може да се идентификува извршителот на криминален сексуален напад.

Поддржете ја нашата работа: